Лешник топчиња (посно)
Состојки
- 100 гр мелени лешници
- 100 гр мелени посни бисквити
- 80 гр шеќер во прав
- 1 лажица рум
- 1 лажица маргарин
- 2 лажици мед
- 1 портокал( сок и кора )
- 200 гр рендано црно чоколадо
Подготовка
1. Бисквитите, лешниците и шеќерот ги ставаме и мешаме во длабок сад
2. Медот и маргаринот ги загреваме на оган. Ги додаваме во садот.
3. Портокалот го цедиме. Го додаваме во смесата. Рендаме и од кората.
4. Во смесата го додаваме румот и чоколадото. Мешаме да добиеме хомогена смеса
5. Од смесата правиме топчиња. Топчињата ги валкаме во рендано чоколадо.