Лешник колачиња – Лампиони (посно)
Состојки
- 2 чаши мелени овесни снегулки
- 1 чаши мелени печени лешници
- 1/2 чаша мелени сурови лешници
- 1/2 чаша кафеав шеќер
- 1/2 чаша вода
- 1 ванилин шеќер со вкус на рум
- 1/4 чаша мелена гранола
- 1/2 лажичка рогач во прав
- 1 лажичка мелен цимет
- 1 лажичка мелен ѓумбир
- 1/2 лажичка мелено каранфилче
- За чоколаден прелив
- 100 гр чоколадо
- 3 лажици масло
- 1/4 лажичка чили во прав
- За украсување
- гоџи бобинки, шеќерни перли во разни бои и сл.
Подготовка
Мирисни и вкусни колачиња кои не потсетија дека доаѓаат празници, ама и секој од нас сакаше да си ја присвои кутијата со колачињата. Добро бе, јадете сите колку ви се јаде, пак ќе направам, лесни се за правење!!!
Подготовка
На оган во тенџере ставаме вода и шеќерите. Кога ќе поврие кратко ја тргаме на страна и ги ставаме мелените овесни снегулки и мелените лешници, како и зачините. Формираме смеса. Ја ставаме помеѓу најлонска фолија, поминуваме преку неа со оклагија и вадиме кругчиња кои ги редиме на намрсено тавче или хартија за печење. Ги печеме т.е. сушиме на 100 степени во рерна со уклучен вентилатор 30 минути. Ги вадиме и ладиме.
Чоколадото го топиме на пареа или на сосема ниска температура на рингла и во него промешуваме чили и масло. Секое колаче го потопуваме до половина во чоколадото и украсуваме по желба.
Забелешка
Чашата е 250 мл или 1 cup.
Можете да додадете во смесата и кора од портокал по желба и вкус или пак аранчини. Ако ви е ретка смесата, за да ја формирате додадете од овесните снегулки. Инаку користам делимано тава за печење која воопшто не ја ни намрсив за да ги печам колачињава.