Испечати

Не лупени печени компири

Не лупени печени компири

Состојки

  • 1.5 кг. компири
  • по вкус црн бибер, сол, зачини
  • 150 г. масло
  • по желба павлака

Подготовка

Компирите се мијат, не се лупат и се сечат на две. Се редат во плех еден до друг во кој ставаме малку масло, а и не мора. Кога одозгора ставаме врз компирите тоа си паѓа надолу. Сепак како сакате.

Ги расекуваме со нож, за да се испечат побргу и за да омекнат. Ги зачинуваме. Одозгора ги полеваме со масло. Бидејќи маслото паѓа надолу со текот на печењето, додека се печат ја отварам рерната иги прелевам пак со масло. Тоа што паѓа надолу од него си се натопува лушпата и после е многу вкусна,. Кој сака може и неа да ја јаде. ас ја јадам бидејќи превкусно е.
Кога го правев прв пат рецептот се чудев како ќе се јадела лушпата, но само кога ќе ја пробаш тоа е фантазија. Ако е потребно два пати така правам, бидејќи овде користев ептен големи компири. Ако се помали доволно е само еднаш. Ако има во плехот повеќе масло можете да ставите од него, ама јас не ги вадам од рерна туку истурам директно од шише, ова заради мрза. Од компирите зависи и колку време ќе се печат. Овие јас ги печев саат време може и повеќе, а ако користите вие мали компири доволно ќе е некаде 25-40. Сепак зависи и од рерната. После се става одозгора павлака по желба, за повеќе шмек. Пријатен апетит.