Испечати

Гурабии со ореви и чоколада

Гурабии со ореви и чоколада

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • 250гр. маст
  • 1 филџана(120мл)шеќер
  • 300-350гр. брашно
  • 50гр. ореви(потпечени)
  • 50гр. чоколада
  • 1 рум шеќер
  • на врв на лажичка паста табаско или чили

Подготовка

Преубави суви колачиња одлично искомбинирани состојки и задоволни конзументи.
Подготовка.
Свинската маст пенасто изматете ја во сад за матење заедно со шеќерта.
Во нив додадете ги јајцата и повторно изматете додека состојките не се соединат.
Додадете го рум шеќерот, потпечените сецкани ореви, ситно сецканата чоколада, чили пастата и додавајќи го брашното замесете меко тесто.
Тестото ставете го во замрзнувач половина час, потоа формирајте бомбици со големина на орев.
Вака формирани ги редиме во големата плитка тава на делимано(не треба да ја премачкуваме)печеме на 200степени околу дваесет минути додека не ни поруменат.
Колку повеќе стојат толку се поубави по желба може да си ги провалкате во шеќер во прав.
Добар апетит!!!