Испечати

Топло чоколадо со цимет и коњак

Топло чоколадо со цимет и коњак

Состојки

  • 150 гр чоколадо ( 70 % какао )
  • 250 мл слатка павлака
  • 1 парче цимет
  • 1 мала лута пиперка
  • 2 лажици шеќер
  • 20 мл коњак

Подготовка

1. Чоколадото се ренда.
2. Слатката павлака, цимет и исчистена лута пиперка се ставаат во тенџере и на тивок оган се затоплуваат.
3. Потоа оганот се намалува на минимум и се додава чоколадото и постепено меша со жица додека не се растопи чоколадото и се трга на страна.
4. Од тенџерето се вадат парче цимет и лутата пиперка. Потоа се додаваат шеќер и коњак.

Доколку не сакате вкусот на топлото чоколадо да биде многу благ, тогаш препорачувам само една лажица шеќер.