Испечати

Мали овошни пралини со пикантен вкус

Мали овошни пралини со пикантен вкус

Состојки

  • за калапите
  • 100гр бело чоколадо
  • 2лажици масло
  • за полнење
  • 1 лажица слатка павлака
  • 10 гр путер
  • 120гр суви сливи
  • на врвот на ножот ѓумбир
  • на врвот на ножот чили
  • некоја капка рум

Подготовка

Идат празници, па еве предлог за пикантни пралини.
Прво се растопува чоколадото со маслото.
Со четка се премачкуваат силиконските калапи.
Нека се стегни во фрижидер, па постапката се повторува уште еднаш.
Сега сувите сливи се сецкаат.
Над пареа се соединуваат путерот и слатката павлака.
се додаваат зачините и румот по желба.
Убаво се изедначува смесата.
Чоколадираните калапи се полнат со мали топчиња од смесаат и се покриваат со чоколадо.