Испечати

Чоколадна смеса за моделирање

Чоколадна смеса за моделирање

Состојки

  • 300гр чоколадо за готвење
  • 110мл гликозен сируп

Подготовка

Каква занимација сум имала денес!!! Oваа смеса е нешто фантастично, еластична, лесно се обликува, немам зборови. Многу брзо се прави, но треба да стои 12-24 часа, па тоа е најголемиот проблем.
Рецепт за домашен гликозен сируп веќе поставив, но наместо гликозен сируп можете да користите мед (1 лажица мед на 100гр чоколадо)
Се топи чоколадото на пареа, се трга настрана и се додава сирупот и се меша 60 секунди. Смесата ќе се згусне. Се витка во најлонска фолија и се става во фрижидер 24 часа или најмалку 12 часа. Смесата кога ќе се извади од фрижидер е тврда, но со помош на прстите лесно омекнува и лесно се формираат фигури.