Домашен гликозен сируп (Корн сируп)
Состојки
- 1 шола шеќер
- 100мл вода
- пола лажичка вински оцет(или сок од лимон или алкохолен оцет)
- малку сол
Подготовка
Има толку многу убави рецепти со корн сируп, а кај нас го нема, па пребарував на нет, го најдов овој како замена и за прв пат беше супер успешно. Ми требаше за да правам домашно маршмалоу, па за чоколадната смеса за моделирање....вистина има многу намени.
Се ставаат сите состојки во тенџере да се варат на тивок оган (од 6ка на 3ка кај мене)- 3мин ,течноста не смее да потемни, треба да остане светла и проѕирна. Течноста кога ќе се излади ќе се згусне. Густината е нешто потечно од мед. Во никој случај кога ќе се излади не смее да кристализира, тогаш не е веќе за употреба. Овој сируп може да стои во фрижидер и 2 месеци.