Испечати

Трендафил погачици

Трендафил погачици

Состојки

  • *за квас
  • 40 гр. пресен квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка брашно
  • 150 мл. млака вода
  • тесто
  • 700 гр. брашно
  • 60 мл. масло
  • 500 мл. млеко
  • 1 лажичка сол
  • *фил
  • 2 помали јајца
  • 100-150 гр. бело сирење или изварка
  • 1 јајце (помало) за премачкување
  • за поспување сусам, ким

Подготовка

Меки, сочни и вкусни погачици, украсни на лик, погодни за разни пригоди.
Подготовката е лесна и оди вака

1. Состојките за квасот се мешаат и се остава да нарасне.
2. Во вангличе се ставаат брашното, маслото, млекото, лајчето сол и стасаниот квас. Се меша сето убаво со рака, се додава по потреба уште малку брашно (зависно од влажноста на брашното) да се добие не лепливо тесто.
3. Се прави филот така што се матат јајцата, им се додава изренданото сирење или изварката, но смесата да биде погуста за да не дојде до истекување на филот.
4. Тестото се сечи да се добијат 16 топчиња кои веднаш се обработуваат. Секое топче малку се меси со рака, а потоа со оклагија се расукува во округла коричка на која се става малку од филот, се затвора како бовча, се превртува од другата страна, се сплескува малку и се засекува на 6 краци.
5. Кога сите топчиња се обработени и наредени во тава за печење, се пушта рерната да се загрее на 200 степени, а за тоа време тие киснат.
6. Пред печење се премачкуваат со матено јаце, се посипува со сусам, ким и се печат 20-25 минути зависно од рерната.

Идејата за овие трендафилки погачици ја видов на интернет, а таму беа направени со фил од спанаќ и изварка, но со друг состав на тестото.
Изберете си фил по желба, а јас имам намера да ги направам во посна верзија со растително масло или со кисела вода и со некој посен фил од печурки и посен кашкавал или нешто друго.