Проја крофни (рецепт за апарат за крофни)
Состојки
- 2 јајца
- 120мл масло или 3 големи лажици маст
- 2 шољи (од 250мл) јогурт или кисела вода
- 1 шоља бело брашно
- 1 шоља пченкарно брашно
- 1 пакување (10 гр) прашак за пециво
- Дополнително (по желба)
- 50 грама потпечен сусам
- сол и бибер, провансалска мешавина
Подготовка
Брзо, лесно, сочно, вкусно :)
Изматете ги јајцата со маслото. Додадете го јогуртот, а потоа и брашното и пецивото. Матете додека смесата да стане еднолична. Треба да добиете густа смеса.
Доколку сакате додадете потпечен сусам, сол, бибер, провансалска мешавина и изматете да се изедначи.
Загрејте го апаратчето за крофни, полнете ги калапчињата до врвот, затворете го апаратчето и печете 5-6 минути.
Крофничките се помеки кога се топли. Убави се и сочни.
За да си го олесните сипањето на смесата во апратчето користете шприц за слатки или кесе за замрзнување на кое ќе му го одсечете врвот. Полнете го кесето со смесата и истиснувајте во калапчињата преку исечениот дел.