Испечати

Брзи чоколадни штангли

Брзи чоколадни штангли

Состојки

  • 2 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 1 овошен јогурт со вкус на портокал( 120 гр)
  • 30мл млеко
  • 1 пециво
  • 1 шеќер со вкус на рум
  • 1 кора од портокал-рендана
  • 2 лажички просеано какао
  • 70гр рендано црно чоколадо
  • 40мл масло
  • 2 лажици топла вода
  • 100гр бело брашно
  • за глазура
  • 50 гр црно чоколадо
  • 50гр млечно чоколадо
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици вода
  • аранчини од портокал за декорација

Подготовка

Едноставен за подготовка, а вкусен колач.
Јас печев во мала ростер тава, а ако сакате да бидат повисоки штанглите печете во четвртаста силиконска тава на Делимано.
Во сад се ставаат јајцата и шеќерот и се матат убаво да запенат.
Потоа постепено се додаваат сите течни состојки.
Се промешува со шпатула, па се додаваат ренданото чоколадо, пециво, брашно.
лесно се промешува и се истура смесата во мала ростер тава да се печи.
Се печи околу 20 минути на 180 степени.
Се остава да се излади.
За тоа време во мала касерола се ставаат сите состојки за глазура да се соединат.
Со чепкалка се боцка изладениот колач.
Се прелева со глазурата.
Нека се излади убаво, па се сече на штангли.