Старински колачи - ванилици со квасец
Состојки
- За тесто
- 500гр. сало или свинска маст
- 5 лажици шеќер
- 2 ванили
- 4 жолчки
- 300мл. топло млеко
- 1 свеж квасец (40гр)
- рендана кора и сок од 1 лимон или портокал
- по потреба брашно (повеќе од 1кг)
- За фил
- по потреба и желба мармалад
- За наросување или валкање
- по потреба шеќер во прав
- 1 ванила
Подготовка
Овие ни се на сите добро познати, бабини колачиња.
Еве како ги правела мојата баба.
Најпрво квасецот со 1 лажиче шеќер се раствора во топлото млеко и се остава да се активира.
Во подлабок сад салото го матиме со шеќерот и ванилата.
Се додаваат жолчките, една по една, матејќи.
Се додава и малку солца (за адет), па активираниот квасец, ренданата кора и сокот од лимон. Се убаво се промешува и се додава брашно по потреба за да се замеси и добие средно меко тесо, кое не се лепи за раце.Се покрива со најлонска фолија и се остава на ладно или во фрижидер 2 часа.
Без да се премесува тестото, се кинат топчиња со големина на оревче, се расплескуваат на дланка, им се става мармалад, се собираат како да се гужваат.
Се редат во не намрсен плех или врз хартија за печење.
Се ставаат да се печат во загреана рерна околу 20 мин. на 200.
Ладни се валкаат во шеќер во прав замирисан со ванила.
Се чуваат во лимена кутија или како што правеле нашите баби во тенџерче со капак. ))))
п.с.Можите да ги наполните со фил и од белите што ни останаа, 1-2 и мелени оревчиња со шеќер во прав, по 150-200гр..
Сладете се!