Oвошна торта (посно)
Состојки
- за едно тесто *(се печат две вакви теста)
- 200 гр. мед
- 130 гр. шеќер
- 400 мл. минерална газирана вода
- 1 кесичка (10 гр) пециво
- по желба рендана кора од еден лимон
- 270 гр. брашно
- 200 гр. мелени ореви
- за желе-крем од малини
- 400 гр. замрзнати малини
- 100 гр. шеќер
- 1 кесичка (10 гр.) жалатин
- 1 голема лажица густин
- 4 големи лажици ладна вода
- за ванила крем-фил
- 700 мл. соино или оризово млеко
- 9 лажици шеќер
- 3 кесички (120 гр) пудинг од ванила (или густин)
- по желба неколку капки екстракт од ванила
- 150 гр. маргарин
- 100 гр. шеќер во прав
Подготовка
Убава избалансирана торта со ванила крем и киселкасто крцкав желе-крем од малини, иако е посна , мене лично ме воодушеви оваа комбинација. Па еве ви супер идеја за посна торта која може да ви се најде за некоја слава или било каква прослава која се паѓа во пости. Подготовката е следна
1. За подготовка на тестото, во послабок сад измешајте ги минералната вода со шеќерот и медот и рендана кора од еден лимон. Во друг сад на страна убаво соединете ги сите суви состојки ( брашното, мелени ореви и пециво) и постепено додавајте ги во садот со минералната вода. Мешајте со жица за матење додека да добиете еднолична и хомогена смеса без грутчиња. Така добиената смеса за тесто иступете ја во плеќ за печење обложен со хартија. Печете на 160-170 степени околу 20-тина минути односно додека тестата да заруменат. Откако се печени оставете ги убаво да се изладат пред да ги сечете зошто тестото додека е топло лесно може да се искрши на повеќе дела. Се печат две вакви теста. Од двете испечени теста формитав 3 кори со сечење на 1/3 од. секоја од нив.
2. За кремот од малини. Желатинот (растителен) прелијте го 4 лажици ладна вода и оставете да набубри. Во подлабок сад на оган ставете ги замрзнатите малини. Во садот додадете го и шеќерот и варете на тивко околу 15-тина минути додека да добиете погуста смеса, нешто налик на мармалад. Густинот разматете го на страна со малку топла вода и додајте го во садот со малини. Варете уште 2-3 минути и додајте го и набубрениот желатин. Оставете кремот од малини да се излади.
3. За подготовка на ванила кремот. Јас обично купувам соино млеко во прав кое прво финансиски ми е поисплатливо и кое можам да го применам во повеќе рецепти како такво. За да добиете млеко само растворете 100 гр соино млеко ( или оризово) во 1 литар вода и оставете го на оган да проврие. Калкулирајте потоа со количините колку ви е потребно за некој рецепт. За овој фил доволно е 700 мл соино или оризово млеко. 500 мл. ставете на оган да проврие а во останатите 200 мл растворете ги пудинзите со 9 лажици шеќер. Ако немате пудинг, може да искористите и 120 гр густин и да додадете неколку капки екстракт од ванила. Варете го крем-пудингот додека да ја добиете потребната густина. Оставете да се излади. Во друг сад разматете го пенесто маргаринот со шеќерот во прав и додајте го изладениот пудинг од ванила. Мисирајте додека смесада да се изедначи.
4. Врз изладените кори премачкајте го прво желе-кремот од малини. Врз наго нанесете го крем филот од ванила. Поклопете со втора кора и повторно малинки и крем од ванила, па трета кора. Јас досега не сум нашла растителен шлаг крем, па кога правам посни торти ги украсувам со фондан направен по рецепт на Маргаритче, рецептот за фонданот е тука. Пожелно е пред да ја покривате тортата со фондан смеса таа да е замрзната за полесно обликување или едноставно полејте ја тортата со растопено посно чоколадо
На здравје