Испечати

Потпечени кори (јуфки) со јајца

Потпечени кори (јуфки) со јајца

Состојки

  • 500 гр. кори (јуфки)
  • околу 2 литри вода
  • 1 лажичка сол
  • 3 јајца
  • 100 мл. млеко
  • сол по потреба

Подготовка

1. Корите (јуфките) се распоредуваат во тава бр.32, се ставаат во загреана рерна на 200 степени, повремено се мешаат со дрвена лажица додека поруменат, но да не изгорат.
2. За тоа време се загрева водата со солта до вриење и штом корите поруменат,
се вадат од рерна, многу внимателно им се тура врелата солена вода, се става малку масло, се меша и се враќаат во рерна. Се промешува од време на време.
3. Се матат јајцата, млекото и малку сол, се потураат корите и се враќаат да се допечат уште 15-20 минути пак со повремено мешање.

Забелешка
Корите (јуфките) секогаш ги приготвувам на овој начин во рерна, така ни се повкусни. Претежно ги приготвувам без јајца, но понекогаш и вака со јајца или пак со сирење/урда. Брзи за појадок или за вечера со јогурт или сирење.
Овие кори се малку подебели бидејќи се купечки за разлика од домашните.