Тарт со спанаќ и сирење
Состојки
- 500-600 гр. спанаќ
- 2 помали страка праз
- 2 чешниња лук
- 200 гр. крем сирење,урда или ситно ронето сирење
- на вкус зачини сол, бибер, кора од рендан лимон ( малку сув рузмарин)
- 10 листа кори за пита
- 100 гр. маргарин, путер или може и масло
- 6 помали јајца
- Заливка
- 100 мл. млеко
- 3 поголеми јајца
Подготовка
- Исчистениот и измиен спанак бланширајте го но кратко време, не дозволувајте да се свари - ставете да се цеди.
- На половина од количината путер,маргарин или масло, ставете да се пржи ситно сецканиот праз заедно со лукот. Кога омекнал и останал на маслото додадете го исцедениот спанаќ, нека се заедно пржат уште 2-3 мин. Тргнете од огнот и додадете сега сирењето (урда или ситно здробено сирење) овкусете со сол, додадете бибер и кора од рендан лимон. Кој го сака рузмаринот слободно нека додаде 1 лажичка сув или малку свеж ситно исецкан.
- Во помала тавка редете ги корите, подмачкајте го дното на тавката со остатокот од маслацот кој сте го стопиле, ставете една кора, премачкајте со стопениот путер (бидејки корите се поголеми од самата тавка предиплете ја слободно, врз не ставете друга, премачкајте со путер и се така додека ги наредите сите кори. Врз корите истурете ја претходно спремата смеса од спанаќот. Направете во со лажица 6 гнезда.
Заливка
- Си жица изматете 3 јајца, додадете го млекото, сосема малку сол.. залијте одозгора врз веке спреманиот тарт, скршете и ставете по 1 јајце во секое гнездо.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Се пече окоу 40 мин.
Напомена
- Слободно можете да спремате со масло за кое не би знаела да ви го кажам одмерот... доволно да се испржи празот, лукот и спанаќот, како и да се премачкаат корите, но не премногу за да не бидат многу мрсни истите.
- Спанаќот само за кратко го ставам во врела вода и веднаш го истурам во цедалка, заливам со ладна вода и оставам да се цеди, а при самото додавање со раце убаво го исцедувам (ова за да не ми остане течност бидејки кратко се пропржува и постојат големи шански да остане од течноста што повторно ке ја пушти - а тоа не е воопшто потребно за да успее тартот. Доколку приметите дека сепак има течност... пред да ставите сирењето - ставете ја целата испржена содржина во цедалка да се исцеди, а потоа вратете во сад и додајте го сирењето и зачините.
- Количината на состојките менувајте ја... ако ви е потребно за повеке персони - ке морате да ја зголемувате.
Ви го препорачувам на сите овој вкусен тарт кој совршено се вклопува послужен со кисела павлака... ,