Благи кифлички (посно)
Состојки
- 500гр. брашно
- 250мл. кисела вода
- 40гр. свеж квасец
- 60мл. масло
- 50гр. шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажичка сол
- 1/2 прашак за пециво
- мармалад и шеќер во прав
Подготовка
Во млаката кисела вода ставете го квасецот, лажичката шеќер и брашно да подстасаат.
Во сад за месење сипете го маслото, солта, шеќерот во прав, ванилин шеќер и промешуваме. Во садот за месење додадете го и надојдениот квасец, прашокот за пециво и брашно, замесете тесто. Садот покриjте го и ставете го на топло да подстаса околу половина час.
Од стасаното тесто расукајте кора и во форма на кифлички наполнети со мармалад по желба. Кифлите печете ги во тава за печење премачкана со масло оставете ги да подстасаат уште половина час.
Печете на 200степени околу половина час. Печените кифли посолете ги со шеќер во прав и послужете.