Испечати

Варен пржен компир

Варен пржен компир

Состојки

  • 1/2 кг компири
  • 2 лажици кравја маст, путер, маргарин
  • 2 лажици масло
  • 2 полни лажици презла
  • 3-4 лажици сусам
  • 1 рамна лажица црвена пипер

Подготовка

Ако ви останал варен компир кој не сте го изеле додека бил топол, еве еден вкусен начин како брзо и лесно да го спремите без да го фрлате.

Исечкајте ги компирите ситно како за манџа.
Во тавче ставете ја маста (путерот или маргаринот) со маслото да се загрее.
Ставете го прво сусамот кратко, па веднаш потоа и презлата да се пропржат.
Додадете ги компирите и црвената пипер.
Мешајте додека се облепат компирите со состојките.
Тргнете од оган и навалете додека е топло.

Во ова топло мезе или прилог, секако можи и да си поиграте со вкусовите и да додадете и некои зачинки и ароматизери, но тогаш се губи филингот на убавата арома на печената презла и сусамот. Затоа, јас додадов само мааалку дискретно сенф во прав.