Бадем колачиња (посно)
Состојки
- 100гр печени мелени бадеми
- 100гр посно црно чоколадо
- 200гр бисквити
- 2 лажици рум
- 100гр шеќер во прав
- 50 гр маргарин
Подготовка
Многу брзи и лични бадем колачиња. Се топи чоколадото на пареа. Се меси смеса од сите состојки. Dоколку смесата е сува додадете уште чоколадо, доколку е мека додадете мелени бисквити.
Се формираат топчиња и секое топче се плеска и насредина се става по една бела чоколадна плочка.