Портокал торта (посно)
Состојки
- За кори
- 3 шољи шеќер
- 1 шоља масло
- 4 шољи брашно
- 6 шољи мелени ореви
- 3 шољи кисела вода
- 1 пециво
- рендана кора од 2 портокали
- За фил
- 1 л сок од портокал
- 4 пудинга од ванила
- сок од 1 и 1/2 портокал
- 8-10 лажици шеќер
- 250 гр сечкани ореви
- 125 гр маргарин
- 60 гр чоколадо
- мармалад од кајсија за премачкување на корите
Подготовка
Подготовка
1. Сите состојки за корите ги ставаме во еден сад, ги промешуваме и смесата ја оставаме ½ час да отстои. Потоа ја делиме на три дела и секој посебно го ставаме во тавче бр 26 на хартија за печење или намрсено и набрашнето. Печеме на 200 степени.
За фил
1. Сокот и шеќерот ги ставаме на оган да почне да врие. Во сокот од цедените портокали ги раствораме пудинзите (а може да додадеме и од џусот).
2. Кога сокот ќе почне да врие ги додаваме пудинзите, мешаме додека да се згусне, тргаме од оган и ја додаваме чоколадата да се стопи. Го оставаме кремот добро да се олади.
3. Во ладниот крем додаваме пенасто изматен маргарин и сечканите ореви.
4. Секоја кора ја премачкуваме со мармалад од кајсии па со фил.
Оваа роденденска торта ја украсив со фондан, а вие по желба, со фил, сечкани ореви и сл.
Забелешка
Ако не ви е по желба благ филот додадете шеќер во прав.
Не сум правела досега фил со толкаво количество на сок. Мислев дека ќе биде кисела и сл. бидејќи се работи за концентриран сок од портокал, ама кога сите вкусови се споија, односно тортата преноќи во фрижидер, навистина беше вкусна.
Оригиналниот рецепт е со маргарин која кај мене подолго време не се користи. За да го замените доколку не користите и вие, ставете околу 100 гр мелени ореви, 50 гр бисквити и 100 гр чоколадо. Ова ви се основните сосотојки за згуснување на филот, па сега видете со што ќе искалкулирате, за да ја добиете вистинската густина, а ако си јадете маргарин ова ви се идеалните мерки за за фил.