Испечати

Кус кус со маринирано месо

Кус кус со маринирано месо

Состојки

  • За подготовка на кус кус
  • 300гр. кус кус
  • 480мл. врела вода
  • 1 лажичка путер
  • малку сол
  • За подготовка на месото
  • 500гр. свинска кртина
  • 100мл. црвено вино
  • 4 лажици соја сос
  • 2 лажици ворчестер сос
  • 10-тина зрна коријандер
  • прстофат шафран
  • 1 гранче рузмарин
  • 1/2 лажичка куркума
  • 5-6 лажици масло
  • по потреба сол и бибер

Подготовка

Најпрвин подгответе ја маринадата за месото.

Во подлабок сад ставете ги сите состојки за маринадата и убаво измешајте ги.
Ставете го месото и увалкајте го убаво во маринадата.
Покријте го садот со најлонска фолија и оставете го да отстои во фрижидер неколку часа(јас го подготвив од вечер).

Кус кусот посипете го со врелата вода и покријте со капак.
Оставете да стои 10 минути, додека ја впие целата вода.
Потоа со вилушка промешајте го и додајте го путерот и малку сол.

Маринираното месо исечете го на ленти и ставете го во тава да се подзапржи, а потоа додајте ја маринадата и малку вода.
Оставете да се готви на тивок оган.
Во текот на готвењето ако има потреба додавајте по малку топла вода.

Во чинија за сервирање ставете од кус кусот, одозгора парчиња од месото и малку од течноста во која се готвело месото.