Тарт со тиква (без глутен)
Состојки
- За кората
- 2 чаши брашно од бадеми (мелени бадеми)
- 1/4 лажичка морска сол
- 1/4 лажичка сода бикарбона
- 1 рамна лажичка цимет
- 1/4 чаша стопен кокосово масло (или путер)
- 5 лажици мед
- 1 ванилин шеќер
- За филот
- 1 чаша пире од печена тиква
- 1/2 чаша оризово млеко
- 1 лажичка ванилин шеќер
- 1/8 лажичка мелено каранфилче
- 1/8 лажичка цимет
- 1/4 лажичка мелено морско оревче
- 1/8 лажичка мелен ѓумбир
- 1,5 лажици јаворов сируп
- 1 јајце + 1 жолчка
Подготовка
Мерката за чаша е од 200мл.
Прво се подготвува кората.
Во еден сад посебно се мешаат сувите состојки (бадемовото брашно, солта, содата, циметот и ванилиниот шеќер), а во друг сад посебно влажните состојки (маслото и медот).
Потоа, влажните состојки се додаваат на сувите и заедно се меша да се добие фино тесто.
Калапот за тарт се премачкува со путер.
Тестото се натапкува во калапот за тарт. Со вилушка се боцнува долниот дел на тестото и се печат во загреана рерна на 180⁰Ц околу 5 мин.
Потоа, калапот се вади од рерна, дното на кората се боцка со чепкалка да излезе вишокот на топол воздух и се остава да се лади околу 10 мин.
Додека тартот се лади, се подготвува филот.
Сите состојки за филот добро се мешаат и со добиениот фил се полева кората. Се враќа во рерна да се потпече уште 10 мин.