Испечати

Посен колач со мак

Посен колач со мак

Состојки

  • Тесто
  • 200 гр маргарин на собна температура
  • 400 гр брашно
  • 200 гр шеќер
  • рендана кора од лимон
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажиче прашак за пециво
  • 7-8 лажици вода
  • Фил
  • 200 гр мак
  • 500 мл вода
  • 120 гр шеќер
  • 1 средно рендано јаболко
  • 50 гр сецкано суво грозје
  • 100 гр мелени ореви
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/4 лажиче цимет
  • За декорација
  • по потреба шеќер во прав

Подготовка

Подготовка на тестото
Во сад ставете ги маргаринот и шеќерот и со миксер со мешалките за тесто изматете ги. Потоа додајте ги и останатите состојки и матете ги додека се изедначи тестото. Ако мислите дека е премногу тврдо мозе да си додадете уште некоја лажица вода.
Добиеното тесто префрлете го на набрашнета површина, малку измесете го и соберете го во топка. Завиткајте го во прозирна фолија и ставете го во фрижидер.
За тоа време подгответе го филот.

Водата ставете ја да зоврие. Кога ќе зоврие додајте го макот и оставете го да вари се додека течноста целосно испари, некои 10-на - 15 минути.
Тргнете го на страна и додајте го сувото грозје, шеќерот и ванилата. Измешајте и оставете ги да оладат.
На крај додајте ги и оревите, јаболкото, циметот и измешајте ги.

Подготовка на колачот.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
Оладеното тесто поделете го на два дела.
Од едниот дел на набрашнета површина развлечите кора со големина на плехчето (25х30). Плехчето малку набрашнете го и ставете ја кората. Избоцкајте ја со вилушка.
Ставете го целиот фил и со лажица израмнете го.
Развлечете ја и другата кора и ставете ја над филот. И неа избоцкајте ја со вилушка.
Ставете го да се печи околу 35-40 мин.
Печениот колач оставете го да олади, исечете го на коцки, посипете го со шеќер во прав и послужете го.
Забелешка
Затоа што користев не мелен мак филот е малку ронлив, па затоа мислам дека е најдобро да се користи мелен мак или откако ќе се свари малку да се изблендира да стане малку помазен и така подобро ќе се врзи за тестата.
Иначе колачево е вкусно, превкусно ви гарантирам -)))