Смути со чоколадни топиња
Состојки
- 1 јаболко
- ½ замрзната банана исечкана на кругчиња
- 3 лажици чоколадни топчиња
- 50 мл млеко
- 50 мл вода
Подготовка
1. Јаболкото го лупиме и го сецкаме на парчиња.
2. Во блендер ги ставаме јаболкото, бананата, чоколадните топчиња, млекото и водата. Блендираме додека не добиеме хомогена смеса.
3. Смесата ја ставаме во чаша. Декорираме со чоколадни топчиња.