Интегрални колачи без зејтин
Состојки
- 300 гр интегрално брашно
- 100 гр пченично брашно
- 100 гр бело брашно
- 200 мл бело вино
- 150 мл сок од вишни
- 100 гр ленено семе
- 100 гр сусам
- 100 гр ораси
- 100 гр бадеми
- 100гр лешници
- 100 гр суво грозје
- 100гр црн шеќер
- 1 пециво
- 1 ванила
- 1 мала лажичка сол
Подготовка
Во пресрет на божиќните постови.
Во Делимано сецко ги сецкаме лешниците,орасите,бадемите,сувото грозје.
Интегралното,пченкарното и белото брашно заено со сите останати состојки ги месаме и месиме тесто.По потреба се додава интерално брашно.
Се меси меко тесто и се остава да одстои 30 мин.
Потоа се сука кора,се сече со калапи во саканата форма.
Се редат во плех на хартија.
Се печат на 200 Ц ,15 мин.
Откако ќе преноќат се повкусни за јадење.
Уживајте во постот.