Посна пита со шампињони
Состојки
- Тесто
- 300 гр брашно
- пола пакетче (од 7 гр) сув квасец
- малку сол
- по потреба млака вода
- Фил
- 400 гр шампињони
- 2 главици кромид
- 1 компир
- по потреба масло
- по вкус сол и црн мелен пипер
- Сос
- 15 гр брашно
- 250 мл вода
- 15 мл масло
- малку сол
- Друго
- по потреба посен маргарин за мачкање на тавата
Подготовка
1. Сите состојките за тесто ги замесуваме и чекаме да стаса во топло место.
2. Фил. Шампињоните и кромидот ги сецкаме, а компирот го лупиме и рендаме. Кромидот го запржуваме и потоа ги додаваме шампињоните и кромпирот. По вкус посолуваме и наросуваме со пипер.
3. Сос. Сите состојките на сосот ги запржуваме додека не се згуснат.
4. Од стасаното тесто правиме круг со помош на сукалка и тестото го ставаме на тавче претходно намачкано со маргарин и краевите на тестото ги тегнеме малку нагоре за да филот не претече.
5. Во готовио фил го додаваме сосот и го промешуваме, потоа го ставаме во тестото и се пече на 180 степени околу 30 - 40 минути.
Ренданиот кромпир може да биде и варен, кој потоа се сецка ситно и се додава во филот.