Испечати

Вргањ со зеленчук (посно)

Вргањ со зеленчук (посно)

Состојки

  • 500 гр. свеж вргањ
  • 1 морков
  • 2 главички кромид
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажичка шарена сол
  • зачини црн пипер, копар, чубрица, сол

Подготовка

Одличен посен ручек за тие што постат, а може да биде и убав прилог за со некое подготвено месо. Подготовката е лесна и јасна.

1. Свежиот вргањ се мие, се вари, се цеди и се сечка на парчиња.
2. Кромидот се сечка ситно, исчистениот морков се сечка на лентички. Се динстаат заедно со малку масло и 1 филџан вода, се додава исечканиот вргањ, се пржи на тивко додека сето порумени.
3. На крај се додава мешаниот сув зачин, шарената сол и останатите зачини, се пржи уште малку да се спои сето.

Како гарнир може да се стават испечени зачинети компири, ориз или друг додаток по желба. Се дотура сол по потреба.