Кошнички од кадаиф со крем од ванила

Состојки
- Кошнички
 - 250-300 гр пресен кадаиф
 - 50-70 гр. путер
 - 12-15 големи лажици мелени ореви
 - Шербет
 - 1 чаша шеќер
 - 2/3 чаша вода
 - 1 голема лажица сок од лимон
 - Крем од ванила
 - 1 жолчка
 - 3 големи лажици брашно
 - 50 гр. шеќер
 - прстофат сол
 - 1/3 мешунка ванила или 1 ванилин шеќер
 - 250 мл. млеко
 - 1 голема лажица путер
 
Подготовка
Кадаифот се кини на мали парченца, се додава путерот насечкан на мали коцки, се става во микробранова за 30-40 секунди или додека се растопи путерот. Потоа со рака се ,,размесува,, за целиот кадаиф да се намазни.
 Се распределува во калап за мафини и со мала чашка или нешто друго се притиска за да се оформи ,,кошничка,,. Во кошничките се додава по една лажица мелени ореви и се притиска малку, се става во рерна претходно загреана на 150-170 степени. Се печи 40-50 минути или додека кадаифот не добие златна боја.
 За шербетот во една касерола се става шеќерот и  се додава 2/3 чаша вода, се додава и лимонот и се става на оган да се вари. Топлиот, но не врел шербет се додава на туку што извадените од рерна кошнички (шербетот треба да започне да врие) и повторно се враќа во рерна за 1-2 минути. Се остава да излади целосно, а за тоа време се подготвува кремот.
Во касерола се става 1/2 од млекото, шеќерот, ванилата и се става на оган. Во друг сад се ставаат жолчката и брашното, се промешува со жица и се додава другата половина од млекото. Се промешува повторно убаво за да нема згрудено брашно и му се додава солта. Откако млекото кое што е на оган зоврие, постепено се додава на смесата со јајцето при што постојано се меша. Се враќа во касеролата и се поставува на оган и се меша додека не се добие пудинг, На крајот се трга од оган и се додава путерот. Кремот се остава да излади и потоа со изладениот крем се полнат изладените кошнички.