Испечати

Ружи од јаболка

Ружи од јаболка

Состојки

  • 2 црвени јаболка
  • 1 лист лиснато тесто
  • 1/2 сок од лимон
  • 3мали лажички мармалад од кајсии
  • 2 мали лажички вода

Подготовка

Еве сега еден популарен рецепт.
Јаболката се мијат и се сечат на средина, се отстрануваат семките и се сечат на тенки листови.Во еден стаклен сад се става до пола вода, се додава сокот од пола лимон,кришките јаболка и се ставаат во микробранова 3 мин. Јас немам па ги ставив на рингла и ги обарував околу 3-5 мин,само да омекнат малце не да се сварат.
Се цедат убаво.
Мармаладот се разредува со вода и се става во микро 1 мин или малце да се стопли на рингла да биде потечен за да се премачкува. Лиснатото тесто се одмрзнува во фрижидер никако на собна температура. Се рассукува на брашно и се сече на 6 ленти. Секоја лента се премачкува со мармаладот, на горниот дел се редат јаболката да се преклопуваат и се посипуваат со цимет. Долната половина се превиткува на горната кај што се ставени јаболката и се виткаат во ролад така да се формираат ружи.Се ставаат во калап за мафини премачкан со зејтин, или во хартиени корпички. Од овие намирници се прават 6 мафини. Се ставаат во рерна загреана на 190 и се печат околу 40-45 мин, зависи како пече рерната. Кога се готови се вадат и се посипуваат со прав шеќер. Многу лесно, декоративно, убаво и на вкус и на изглед. На здравје !!!!