Погачки со јогурт и сирење
Состојки
- Тесто
- 1 чаша јогурт
- 1/2 чаша масло
- 1/2 лажичка сол
- 2 чаши брашно
- 10 гр. пециво
- Фил
- 4 јајца
- 200 гр. урда или ронето сирење
Подготовка
Чашата е од 200 мл.
Фил
- Во сад за матење со миксер лесно сматете ги јајцата, додадете ронетото сирење или урда.
Тесто
- Во сад ставете брашното измешано со пецивото, јогуртот, малку сол и маслото. Измешајте. Додадете половина од филот во добиеното тесто. Измешајте.
- Во модла излијте ја добиената смеса, полијте со остатокот од филот, ставете во рерна претходно загреана на 200 степени. Нека се печат најмалку 20 мин. Проверете дали се испечени, а готови се кога ќе добијат лесно заруменете боја, сепак секој знае како му пече рерната.
Напомена
- Ако одлучите да печете во модли помали, тогаш полнете 2/3 од модлите - тестото нараснува, да не ви претече.
Совршени се.