Испечати

Стир фрај

Стир фрај

Состојки

  • 1кг пилешки гради
  • 1 главица кромид
  • 2 големи моркови
  • 2 пиперки
  • 400 грама брокула
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • Сос
  • 5 лажици соја сос
  • 1 лажица оцет балсамико
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 2 лажички густин
  • 1 лажичка кориандер
  • 1 лажичка сусам
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 150мл топла вода/супа од коцка

Подготовка

Јадењето чиј буквален превод би бил мешај пржи брзо стана фаворит кај нас и одличен рецепт за новата вок тава.

Пилешките гради ги сечеме на парчиња со големина на залак, ги посолуваме со сол и црн бибер и ги оставаме во фрижидер најмалку еден час.
Зеленчукот го сечкаме на поголеми парчиња.

Насечканите пилешки гради ги вадиме од фрижидер, посипуваме 2 лажици пченкарно брашно во истиот сад и промешуваме со раце да се обложат сите парчиња.
Ги пржиме во вок тава на загреано масло 3-4 минути да фатат боја.
Го вадиме месото од тавата и во истата го запржуваме кромидот.
Потоа додаваме зеленчук по ред на готвење, почнувајќи со оној кој најдолго време се готви, во случајов, брокулата.
Подоцна го додаваме морковот и пиперката.

Во одделен сад ги мешаме соја сосот, кориандерот, шеќерот, сусам и ѓумбир и додаваме вода или супа од коцка. Додаваме густин и добро промешуваме.

Го враќаме пилешкото месо назад во тавата со зеленчукот, готвиме 10тина минути или додека состојките не се речиси готови.
На средина на вок тавата правиме дупка и во истата го додаваме сосот. Оставаме да зоврие и кога ќе почне да ја менува бојата го мешаме со останатите состојки.

По желба може да сервирате со нудли или ориз, нашиот избор беше самостојно.
За јадењево најубаво е да користите свежо не замрзнато месо.