Испечати

Пикантни пилешки крилца

Пикантни пилешки крилца

Состојки

  • 1 кг. пилешки крилца
  • За маринирање
  • 1 мала лажица каенски пипер
  • 1-2 чешниња лук
  • 1 мала лажица кафеав шеќер
  • 1 мала лажица сенф во прав
  • По потреба сол
  • 1 голема лажица масло
  • За пикантен сос
  • 2 големи лажици јаболков оцет
  • 2 мали лажици пушен црвен пипер
  • 2 големи лажици сос ворчестер
  • 3 големи лажици чили сос
  • 1-2 големи лажици мед
  • 1 голема лажица паста чипотле

Подготовка

На крилцата им се додаваат кафеавиот шеќер, каенскиот пипер, ситно изренданиот лук, солта, маслото и сенфот во прав. Сето се промешува и се остава 1-2 часа да се маринира. Откако ќе се маринираат се подредуваат во тава и се ставаат во претходно загреана фурна на 200 степени и се печат 30-40 минути. Пред да се изпечени крилцата се подготвува сосот. Во еден поголем сад се ставаат јаболковиот оцет, пушениот црвен пипер, сосот ворчестер, медот, чили сосот и пастата од чипотле, се промешува и му се додава малку сол. Откако ќе се извадат од рерна крилцата директно се ставаат во сосот, се мешаат во сосот убаво сите да се премачкаат и потоа повторно се подредуваат во тавичката и се печат уште 15-20 минути на 220-230 степени.
Забелешка
На ваков начин може да се приготвуваат и пилешки бутчиња, но се печат подолго.
Крилцата откако ќе се премачкаат со сосот може да се испечат на скара наместо во рерна.
Поради специфичноста на продуктите тие можат да се заменат со други поблиски за нас на пример каенскиот пипер со лут црвен пипер, сенфот во прав со мелено црно и бело синапово семе, пушениот црвен пипер може да се направи ако обичен црвен пипер се стави во рерна за 4-5 минути со повремено промешување.