Испечати

Кајгана со суви пиперки и пршки (чварки)

Кајгана со суви пиперки и пршки (чварки)

Состојки

  • 12 големи суви пиперки
  • 2 раце пршки (чварки,џимиринки)
  • 4-5 јајца
  • по вкус сол
  • 1-2 лажици масло

Подготовка

Едно лесно, брзо, вкусно зимско јадење.
Сувите пиперки, ставете ги во зовриена вода да омекнат. Потоа исцедете ги, исчистете ги од семките и исечете ги на помали парчиња.
Јајцата со малку сол имешајте ги со вилушка.
На загреана тава со сосема малку масло пропржете ги пршките колку да пуштат маст и потоа додајте ги пиперките. Мешајте ги и пржете ги зедно 2-3 минути да се изедначат вкусовите. На крај додајте ги јајцата и мешајте додека и тие се испржат.
Послужете ги одма, топли со лепче, сирење, јогурт....