Смути со мушмули
Состојки
- 200 мл. вода
- 2 лажици соја во прав (соин напиток) со вкус на ванила
- 2 лажици пире од мушмули (10-12)
- 1 лажица чиа семе
- 1 лажица мед
- 1 банана (зрела)
Подготовка
Идејава за овој превкусен напиток е сезонска исто како и мушмулите.
Сите мерки за блажината ми беа таман. Киселкастиот вкус на мушмулите одлично се соедини со бананата и ванилиниот вкус на млекото од соја.
- За полесно да се добие пирето од мушмулите, отстранете мал дел од врвот од мушмулата и внимателно како од шприц истиснувајте од овошното месо.
При тоа со лажичка или со ноже тргајте ги коските.
- Измешајте ја сојата во прав со водата и добиеното млеко истурете го во блендер, додадете го пирето од мушмулите, медот, чиа семето и исечканата зрела банана. Блендирајте кратко да добиете мазна хомогена смеса.
Смути со мушмули, уникатно нели?