Босански бурек
Состојки
- 500 гр. подебели купечки кори за пита (12-15 парчиња)
- 300 гр. мелено месо
- 1 среден компир
- 1 средна главица кромид
- 1 квасец
- 500 мл. млака вода
- 150 мл. масло
- малку сол, бибер, сув зачин,
- 3 лажици брашно
Подготовка
Во тавче на малку масло го пржиме меленото месо заедно со ренданиот компир и кромид, додаваме сол, сув зачин и бибер. Динстаме на тивок оган.
Квасецот го ставаме во млаката вода и брашното. Кога ќе се активира кавасецот го додаваме и маслото. Ја отвараме првата кора ја премачкуваме со четче со филот од квасец и врз неа ставаме уште една кора. На крајот ставаме од филот со месо, а празниот дел од кората и неа ја премачкуваме со филот од квасец. Двете кори ги виткаме во ролат и ги ставаме во намрсениот плех, постапката се повторува додека има кори и фил. Предходно избројте ги корите за да ги испланирате филовите да ви стигнат за сите кори. На крај сите кори премачкајте ги со филот од квасец и масло. Печете на 200 степени 20-30 мин.