Ликер од јагода
Состојки
- 1 кг јагоди (може и шумски)
- 1 литар ракија
- по потреба шеќер
- Сируп
- 1 литар вода
- 200 гр шеќер
Подготовка
Брз и лесен за подготовка, релативно малку се чека пред да може да се пие, во превод, СОВРШЕН :D
Во голема стаклена тегла ставете ред јагоди, ред шеќер, се додека не се потрошат јагодите. Завршете со шеќер, додадете ја ракијата и затворете со капак. Оставете ја теглата на сонце (не е задолжително, само пожелно) три недели.
Сирупот пригответе по истекот на тие три недели. Ставете ги шеќерот и водата да се варат, да провријат малку и оставете да се олади пред да го додадете во ликерот.
Доколку сакате ликерот да е бистар само прецедете ја течноста. Доколку не ви пречи да е погуст (како овој на фотографијата) ставете го ликерот во блендер и испасирајте го, а потоа додадете го сирупот.
Јас сметав дека поубав ќе биде испасиран и мислам дека не погрешив :)
Се чува во стаклени шишиња.
Има многу убав вкус на јагода, ракијата не се ни чувствува, а мирисот... ептен ептен јагода. Еден ден ако имам среќа ќе направам и од шумски јагоди. Мислам дека тоа ќе биде врв :)
Нема ограничен рок на траење, но доколку сакате можете слободно да направите и помали дози.