Чоколадно задоволство - Truffles коцки
Состојки
- За пандишпан
- 5 јајца
- 100 гр шеќер
- 100 гр брашно
- 1 лажица густин
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажици какао
- на врв на нож пециво
- За фил
- 400 гр чоколадо
- 400 мл слатка павлака
- 150 гр путер
- рендана од една мандарина, а може и кора од портокал
- 1 лажица рум, а може и ликер од портокал ако имате
Подготовка
Слатко чоколадно задоволство, ама баш чоколадно! А толку едноставно за подготовка....
Подготовка
1. Се матат жолчките со шеќерите. Убаво се матат белките цврсто како снег.
2. Сувите состојки се мешаат, па постепено наизменично со белките се додаваат кон жолчките. Смесата се меша полека и внимателно со шпатула или лажица, за да стане воздушеста.
3. Во намрсено тавче се става смесата и се пече на 180 степени со вентилатор околу 20 минути. Го ладиме тестото и го сечеме на две еднакви половини.
4. Ја загреваме слатката павлака до вриење и во неа го ставаме чоколадото да се стопи со постојано мешање, го ставаме и путерот, а на крај ренданата кора од мандарина и румот. Промешуваме убаво до хомогена смеса која ја оставаме малку да се стегне за да може да се мачка врз пандишпанот.
5. Го ставаме и размачкуваме филот врз едната половина, а оставаме и за украсување врз втората половина. Наросуваме какао откако ќе се стегне.
6. Оставете го да се стегне најмалку 3 часа.
Забелешка
Тестото или пандишпанот го печев во големата Делимано тава за печење. Може да се пече и во поголем плех, иако ќе бидат пониски коцките сепак се содржителни, вкусни и слатки.
Инаку не дочекавме да се стегне и веднаш неколку парчиња беа вкусени, филот не беше течен ама сепак беше мек, затоа ви препорачувам да го оставите да стегне.
По мене, јас лично би ја намалила чоколадата на околу 350-380 гр., некако поцврст ми беше филот откако сосема се стегна, иако особено вкусен и се топеше во уста, ама следниот пат кога ќе го правам по оваа мерка ќе ве известам.