Крем Карамел - 2
Состојки
- 3 чаши млеко
- 1 чаша кафен шеќер
- малку - неколку зрна хималајска сол
- малку сода бикарбона
- 1 лажичка ванила
Подготовка
Веке имам поставено рецепт за Крем Карамел - Дулче де Лече, ова е втор рецепт.
Постапката е скоро иста
- Во касерола одмерете шеќерот, ванилата и млекото и ставете да се вари се до негово згуснување. Во меѓувреме ставете ја и хималајската сол. Ставете ја и содата бикарбона и тогаш стојте до шпоретот, ќе се запени и внимавајте да не ви истече.
- Кога ќе почне да се прави пат на касеролата кога ќе бркате тогаш карамелот е готов. Тргнете и соберете во тегли, нека олади и преместете во фрижидер. Вака може да стои 3 недели.
Напомена
- Содата бикарбона се става само заради бојата. Доколку сакате посветол карамел не мора да ја ставате.
- Солта се става заради разбивање на слаткоста.
- Не мора да ставите кафен шеќер, може и бел.
- Јас мерев со чаша од 200 мл, значи од 2 чаши шеќер и 6 чаши млеко добив две полни тегли од по 350 мл.
- За да биде сварен карамелот побргу, ствете во широка касерола...
Тоа е се народе... направете си!