Уштипци со брокула
Состојки
- 500 гр. брашно
- 20 гр. квасец
- 350 мл. вода
- 1 лажичка со врв сол
- 1 јајце
- 500 гр. брокула
Подготовка
Убави за појадок, лесни за подготовка
- Замесете тесто од сите состојки додавајки на крајот ситно искршената брокула, оставете да стаса.
- Црпете со лажица и пржете во подлабоко масло.
Повкусни се додека се топли, но не смета ако останат и оладат - повторно се добри.
Ако сметате дека е малку дуплирајте ги состојките.
Ова можете да го правете ако додадете наместо брокула - карфиол, блитва, спанаќ..
Стасува бргу, за околу 20 мин, јас го промешувам со лажица тестото и повторно го оставам да стаса.
Пријатен доручек.