Капкејк со јаболко, цимет и карамел
Состојки
- Потребно за тестото
- 1 јаболко
- 85 грама путер омекнат ( изваден претходно неколку часа од фрижидер)
- 1 јајце
- 100 мл млеко
- 130 гр брашно
- 100 гр шеќер
- 1 кафена лажицка пециво
- Потребно за филот
- 250 гр маскарпоне
- 100мл слатка павлака
- 75 гр шеќер
Подготовка
Јас би ги нарекла Зимско уживање, едни од најубавите десерти што ги имам направено, едноставно морат да се пробат.
Се прготвува прво карамелот за филот.
Во малечко тенџере се става шеќерот со една лажица супена вода, се загрева додека не се растопи и добие убава кафена боја, се трга од оган и се додава малку по малку кремот-слатката павлака, се чува во фрижидер.
Се подготвува тестото.
Се загрева фурната на 180 степени.
Се меша путерот и шеќерот, се додава јајцето и повторно убаво се меша.
Може со миксер, а може и на рака.
Во друг сад се мешат брашното, пецивото, циметот и солта.
Се додава дел од оваа смеса кај путерот со половина од млекото.
Кога убаво ке изедначи тестото се додава и другиот дел од млекото и смесата од сувите состојки.
Се става смесата во хартиени корпи и се потполнуват една третина, се додава потоа околу една кафена лажичка од јаболката излупена и исецкана на ситни коцки. Потоа се додава смесата колку да бидат полни една третина корпите.
Се печат околу 20 минути.
Се оставаат на решетка да се оладат.
Се меша 50 гр од карамелот со маскарпоне.
Со помош на шприц се филуват и декорират со остатокот од карамелот.
Може да се направат и со крушка например бидејки комбинацијата крушка и карамел исто е одлична.