Розенмунер - Шведски колачиња (може и посно)
Состојки
- 225 гр омекнат путер (или маргарин за посно)
- 100гр шеќер
- 250 гр просеано брашно
- прстофат сол
- По потреба
- мармалад по ваш вкус
Подготовка
Брзи, лесни, ровки и превкусни со само 4 состојки што секогаш ги има по дома.
Уште еден рецепт од книгата за колачиња на Делимано.
Рерната загрејте ја на 190 степени. Вклучете ја пред да почнете со подготовка на тестото бидејки толку брзо се приготвува, што рерната ќе се загрее додека да завршите.
Во сад изматете ги путерот и шеќерто додека не добиете пенеста смеса. Додадете сол и брашно и замесете тесто. Тестото е меко и убаво за работа.
Доколку е малку лепливо, оставете го во фрижидер да се олади или посипувајте со брашно.
Од тестото вадете мали топчиња,редете ги во тавчето за печење. Доколку не користите силиконски тави или тавите на Делимано, тавата постелете ја со хартија за печење. Во секое топче направете дупче и во дупчето ставете малку марламад. Ја дупчињата ги правев со рачка од дрвена лажица.
Печете ги 15-20 мин Малку да заруменат краевите.
На дополнителната слика е покажано како личат топчињата пред и после печење, да имате во предвид. Кога беа готови, јас додадов уште малку мармалад.
За посната варијанта можете да користите маргарин, но обидете се да биде со арома на путер или додадете арома на путер.