Испечати

Брзи шпагети со јајца

Брзи шпагети со јајца

Состојки

  • 300 гр. шпагети
  • 2-3 јајца
  • 100 гр. сирење
  • 30-50 гр. путер
  • по желба сушена мајчина душичка и оригано
  • по потреба сол

Подготовка

Шпагетите се варат во вода со сол толку минути колку што е означено на пакетчето. Во тавче се става путерот да се растопи и се додаваат сварените шпагети, потоа се додава сирењето и се промешува. Јајцата се разматуваат и се додаваат на шпагетите, се промешува и се пржи додега станат готови (1-2 минути), потоа се сервират и се додаваат зачините.