Испечати

Слатки палмички со цимет

Слатки палмички со цимет

Состојки

  • 300 гр. лиснато тесто (цел лист)
  • 3-4 големи лажици бел шеќер
  • 1 и 1/2 големи лажици кафеав шеќер
  • 1/4 мешунка ванила или 2 ванилин шеќер
  • 1 мала лажица цимет

Подготовка

Еден брз за подготовка рецепт кој што е уште побрз за јадење.
Во еден сад се мешаат белиот, кафеавиот шеќер, циметот и семињата на 1/4 мешунка ванила или ванилиниот шеќер. Половина од смесата се посипува на работната маса и врз неа се поставува лиснатото тесто, потоа се расукува и врз тестото се посипува рамномерно другата половина од смесата со шеќерот и повторно малку се расукува за да се залепи шеќерот.
Се започнува со виткањето. Од двете страни се завиткува по два пати и потоа двата краја се спојуваат.
Со нож се сечи на парчиња со големина 7-8 милиметри.
Се подредуваат во тава за печење и се ставаат во замрзнувач за 20-25 минути и потоа се ставаат да се печи за 15-ина минути на 180-200 степени.