Торта црвено кадифе - Red velvet cake
Состојки
- 320 гр. брашно
- 300 гр. шеќер
- 1/2 мала лажица сода
- 1 мала лажица пециво
- 2 полни мали лажици какао
- прстофат сол
- 1/2 шушулка ванила или 2 ванилин шеќер
- 1/2 мала лажица црвена прехрамбена боја
- 240 мл. масло
- 2 јајца
- 360 мл. млеко
- 2 големи лажици лимонов сок
- Фил
- 150 гр. крем сирење
- 80 гр. бело чоколадо
- 300-350 мл. слатка павлака
- 150 гр. шеќер во прав
Подготовка
Во една чаша се става млекото и се додава лимонот и се остава 5-10 минути настрана (еден прекрасен додаток кој дава сосема различен вкус и консистенција на тестата)
Во еден сад се става брашното, какаото, содата, пецивото, шеќерот и солта и се мешаат. Во друг сад се ставаат јајцата се матат. Се додава млекото, маслото, ванилата и црвената боја, потоа на смесата со јајцата се додава смесата со брашното, целата смеса се соединува.
Готовата смеса за корите се разделува на три и се става во тавчиња со големина 20 цм. прекриено со хартија за печење и се печат на 180-200 степени за 20-25 минути или додека се готови (кога ќе се прободи со чепкалка за заби и таа остани сува). Готовите кори се оставаат да изладат целосно, а за тоа време се подготвува филот.
Чоколадото се растопува, а во еден сад се разматуваат шеќерот во прав и мекото крем сирење. На крем сирењето се додава растопеното бело чоколадо. Во друг сад се мати слатката павлака до добивање на тврд снег. Готовата слатка павлака постепено се додава на смесата со крем сирењето и се меша внимателно со лажица.
Од тестата се сечи тенок лист од горниот дел, тенкиот лист се раздробува на трошки за декорацијата на тортата. Откако ќе се филова тортата со трошките се покрива станично.