Кисела мешана салата без конзерванси
Состојки
- 1 кг чушки црвени ајварски по можност
- 1 кг моркови
- 1 кг краставички
- 5 кг зелка
- 1китка магдонос
- 1 паковка бибер во зрно
- 500 гр шеќер
- 300гр сол
- 700 мл зејтин
- 1 литар оцет
- 1 китка карфиол по желба
Подготовка
Салатава ми е традиција која ја правам и не ја дочекува пролетта.
Зеленчукот се мие и се сецка на тркалца.
Магдоносот се мие и се сецка на појадро.
Се се промешува во еден голем сад и се попрскува со сол и шеќер.
Се додава биберот во зрно.
Се промешува добро и се остава 24 часа.
После 24 часа се цеди сокот кој го пуштил зеленчукот и во него се додава оцетот и маслото.
Течноста се става на оган да зоврие, а откако е убаво зовриено, се полева салатата и пак се остава 24 часа.
Потоа се собира во миени суви тегли и се затвара добро.
Складирајте во подрум,па уживајте во прекраснава салата.
На здравје
Забелешка
Ова е оргиналниот рецепт. Јас скратив на оцетот затоа што ми е многу кисело.