Бомбици од пченица и суво грозје
Состојки
- 500 гр пченица
- 5 лажици суво грозје
- 10 лажици мед
- 10 лажици ореви мелени
- За валкање
- 300 гр мелени ореви или бисквити мелени
Подготовка
Пченицата се чисти и се мие.
Се полева вода и се става да зоврие.
Откако ќе почне да врие клуч, се остава да поврие 5 минути, па се трга на страна да поизлади малку и се витка во некоја ткаенина да постои два часа.
Откако ќе постои се пробува пченицата дали е добро нарасната и варена, а ако е се цеди ако евентуално останала вода.
Сувото грозје исецкајте го на ситно, а оревите сомелете ги.
Замешајте се во еден сад и оревите ,медот, сувото грозје и пченицата.
Формирајте бомбици и валкајте ги во мелени ореви.
Ако немате доволно оревеви, валкајте ги во мелени бисквити.
Нормално поубави се ако се валкани во мелени ореви.
На здравје