Испечати

Пудинг бомбици со аранчини (без печење и без миксер)

Пудинг бомбици со аранчини (без печење и без миксер)

Состојки

  • 1 пакување (40гр) чоколаден пудинг
  • 500мл млеко
  • 4-6 големи лажици шеќер
  • 50 гр аранчини од портокал
  • 50 гр аранчини од лимон
  • 200-300 гр мелени бисквити
  • 100 гр чоколадо
  • 1/2 лажиче мелен цимет
  • 1/4 лажиче мелено каранфилче
  • на врв на лажиче чили во прав
  • За валкање
  • 50гр кокос

Подготовка

Кога сама ќе си смислам рецепт кој што никој нема да може да престане да го јаде од што е вкусен, ми доаѓа да си експлодирам од среќа =))
Рецептот е едноставен, но превкусен. Чилито и аранчините се совршена комбинација на вкусови.

Пудингот пригответе го според упатството на пакувањето. Потрудете се да го направите што е можно погуст. Додека е топол додадете го чоколадото искршено на коцки и убаво промешајте да се соединат. Додадете ги и аранчините и зачините и оставете да се спојат вкусовите.
Прекријте го пудингот со капак (чинија, фолија) за да не се направи кора. Доколку се направи кора, ќе остане како партали низ смесата.
За да го забрзате процесот на ладење, промешувајте го пудингот почесто или ставете го во мијалник и наполнете ладна вода во висина на тенџерчето.
Додадете ги бисквитите и убаво измешајте да се соедини во еднолична смеса.
Смесата треба да бида густа, оладена и да може да се обликува со рака.
Убаво измешајте, оставете ја смесата во ладилник неколку часа да се стегне и правете бомбици со малку навлажнети дланки.
Бомбиците валкајте ги во кокос или смеса по ваш избор.

Бисквитите се пишани од 200-300 грама бидејки количината на бисквити зависи од тоа колку густ сте го направиле пудингот и колку ќе впиваат самите бисквити. Доколку има потреба, додадете уште бисквити.

Аранчините можете да ги сомелете ситно, поркупно или пола пола. Мој совет е да има и покрупни парчиња од кората од лимон и портокал, повкусни беа така.
Аранчините ги приготвувам според рецептот на Љиља кој можете да го најдете ТУКА.