Чоколадни коцки со кикирики
Состојки
- 50гр. какао
- 400мл. јогурт
- 10гр. сода бикарбона
- 100мл масло
- 2 јајца
- 200гр. шеќер
- 300гр. брашно
- 100гр. сецкани печени несолени кикирики
- Прелив
- 100гр. чоколадо за готвење(75%какао)
- 1 лажица шеќер
- 40гр. путер
- по потреба млеко
Подготовка
Во подлабок сад измешајте ги брашното, какаото, шеќерот, кикириките и содата.
Потоа постепено додавајте го јогуртот и мешајте да не ви се формираат грутки.
Додајте го и маслото и посебно изматените јајца.
Сето тоа убаво измешајте го.
Изматената смеса сипете ја во плех, претходно намрснат и набрашнет.
Печете на 200 степени, 25-30 минути.
Во меѓувреме на пареа ставете го чоколадото, шеќерот и путерот да се растопат.
Ако е премногу густо додавајте по потреба млеко.
Откако колачот ќе се испече оставете го малку да се подолади, па прелијте го со растопеното чоколадо.
Откако убаво ќе се олади исечете го колачот на коцки.
Со кафенце или чајче одлични се!