Испечати

Свински гулаш со њоки

Свински гулаш со њоки

Состојки

  • за гулаш
  • 500гр свинско месо
  • 3 моркови
  • 1 домат
  • 4 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 250гр шампињони
  • 1 кесичка фант за гулаш
  • 1 лажица свинска маст
  • 50мл масло за јадење
  • 1 лажица црвен пипер
  • по вкус сол и црн бибер
  • 100мл бело вино
  • за њоки
  • 6 помали компири
  • 1 јајце
  • по потреба брашно
  • малку сол
  • плус
  • по желба пармезан

Подготовка

За добар гулаш добро е да има кромид колку што има месо. Овој гулаш е густ, превкусен, а месото се топи во уста.
Прво го правиме тестото за њоките. Ги вариме компирите околу 20мин, важно е да не се преварени. Откако ќе се сварат се цедат, се лупат, да бидат суви и се рендаат. Се додава 1 јајце, сол и брашно по потреба. Тестото не треба да биде ниту премногу меко ниту премногу тврдо. Се витка во најлонска фолија и се остава да одмори 20тина минути.

Почнуваме со продготовка на гулашот. Во тенџере на оган го ставаме кромидот исецкан на коцки на маслото и свинската маст. Пржиме додека не омекни кромидот. Месото го сечеме на помали коцки(јас предходно го чувам 30мин во солена вода) и го додаваме во кромидот. Откако ќе се запржи сето ова, се додаваат морковите, изренданите излупени домати, исецканиот лук и шампињоните. Се пржат се додава 1 лажица црвен пипер и се додава содржината од фант кесичката растворена во 600мл вода и 100мл вода. Се додаваат зачини, ловоров лист, се покрива, се намалува на тивко(кај мене од 6ка на 3 го оставив цело време) притоа повремено да се меша. Се готви околу 2 часа.

Го вадиме тестото за њоките на набрашнета површина и го делиме на 4 дела. Од секој дел со рацете развлекуваме во вид на јаже. Со помош на нож се сечат парчиња и секое парче се поминува со вилушка превртена наопаку. Се набрашнуваат убаво њоките и се оставаат 10мин. Ставаме на оган вода со сол да зоврие, се додаваат њоките и се варат околу 2мин додека не испливаат на површина. Не смеат да се преварат бидејки ќе бидат тврди. Сварените њоки се ставаат на цедалка да се исцедат.
Гулашот пред да се сервира убаво е да постои 2 часа, да се излади и убаво да се згусне.
На здравје