Супа со кнедли од леб и спанаќ
Состојки
- 150 гр стар леб
- 270 гр замрзнат спанаќ или 400-500 гр свеж
- 2 големи лажици брашно
- 2 мали јајца
- 1 мал филџан(од 75 мл) млеко
- 1/4 мала главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажица пармезан
- 2-3 лажици маслиново масло
- 1 лажица путер
- по вкус сол, бибер, мешан сув зачин и рендано морско оревче
- За супата
- 1,3 л вода
- 1 лажица путер
- по вкус сол и мешан сув зачин
- пармезан за посипување кнедлите
Подготовка
Еве уште еден предлог како да искористите стар леб.
Лебот исечете го на мали коцкички и ставете го во сад.
Во друг сад со вилушка изматете ги јајцата со млекото и додајте ги во лебот. Измешајте и оставете го најмалку пола час да омекни. Повремено мешајте го.
Спанаќот претходно одмрзнете го. Ако користите свеж, прво обарете го во зовриена вода, исцедете го и малку исецкајте го. Вака е спреман за понатамошна работа.
Во тава со маслото и путерот запржете ги кромидот и лукот ситно исецкани па додајте го и спанаќот и зачините по вкус. Заедно пржете ги уште 1-2 минути. Оставете ги на страна да оладат.
Во лебот додајте го спанаќот и пармезанот и убаво измешајте ја смесата.
Со влажни раце направете кнедли (топчиња) околу 11-12 и извалкајте ги со малку брашно.
Подгответе ја супата.
Во тенџере ставете ја водата да зоврие. Откако ќе зоврие ставете ги кнедлите, путерот и зачините по вкус.
Оставете ги да варат на среден оган, полу покриени некои 20-25 минути да омекнат.
Готовата супа послужете ја топла посипана со пармезан.