Испечати

Рубин колач

Рубин колач

Состојки

  • Тесто
  • 2 Jајца
  • 200 гр шеќер во прав
  • 500 гр брашно
  • 200 гр путер
  • 1 пакетче ванилин
  • малку сол
  • Фил
  • 100 мл млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 200 гр мелени ореви
  • 2 пакетче ванилин
  • 1 лажица рум
  • 1 лажичка цимет
  • Друго
  • по потреба кокос
  • 50 -100 г Слатко од вишни
  • 100-150 гр мармалад од кајсии

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме шеќерот во прав, брашното, путерот и ванилинот и малку посолуваме. Јајцата кратко ги матиме со миксер и ги додаваме во садот со брашното, путерот и шеќерот и со рака замесуваме тесто. Го свиткуваме во најлонска фолија и го ставаме 1 час во фрижидер.
2. Од изладеното тесто со сукалка развлекуваме кора со дебелина 4-5 мм. Со калап вадиме форми на кругови или по желба и ги редиме во тава за печење обложена со хартија. Печемe во рерна 20 минути на 180 степени.
3. Фил. Ги зовриваме млекото, шеќерот и ванилинот и ги додаваме циметот и мелените ореви. Убаво промешуваме и тргаме на страна, па го додаваме румот, го промешуваме и оставаме да се излади филот.
4. По две изладени форми соединуваме со филот. Страничните делови на колачите ги премачкуваме со мармалад и ги облепуваме со кокос. Рубин колачи ги декорираме со по 1 вишна од слатко, наместо рубин )